fbpx

Скопско „ауди“ излетало на „Валандовско брдо“, превезувало 9 мигранти, возачот побегнал

 Скопско „ауди“ излетало на „Валандовско брдо“, превезувало 9 мигранти, возачот побегнал

Денеска во 06:05 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на патот Валандово-Струмица  патничко моторно возило „ауди“, со скопски регистерски ознаки, излетало надвор од коловозот, а во него се превезувале 9 лица-мигранти од Сирија, информираа од СВР Струмица.
Еден од мигрантите се здобил со телесни  повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Валандово.
Мигрантите се пренесени во Прифатен центар „Винојуг“ Гевгелија, а Секторот за внатрешни работи Струмица презема мерки за пронаоѓање на возачот на возилото, кој го напуштил местото на настанот.

Share via
Copy link