fbpx

Реконструирано подрачното училиште „Сандо Масев“ во Добрејци

 Реконструирано подрачното училиште „Сандо Масев“ во Добрејци

Учениците и вработените во подрачното училиште „Сандо Масев“ во селото Добрејци од денеска наставата ја изведуваат во комплетно реконструирано училиште.

Градоначалникот Костадин Костадинов го посети училиштето и заедно ја споделија радоста во новите услови за работа.

-Со реконструкцијата којашто започна во септември минатата година извршено е комплетно отстранување на малтерот од надворешната и внатрешната страна на објектот, оштетениот таван се замени со нов плафон, замена на подната облога, нова инсталација за затоплување, комплетна реконструкција на санитарниот јазол, решавање на проблемот со влага и обезбедување на пристап на лица со посебни потреби, рече градоначалникот Костадинов.

Реконструкцијата на училиштето е во вредност од 6.745.949 денари добиени со аплицирање од страна на училиштето до Секторот за капитални инвестиции на Министерството за образование и наука на јавен повик со целосно разработен елаборат со комплетна техничка документација и со урбанистичка дозвола.

Во ова училиште се изведува настава од прво до петто одделение за 55 ученици.

Share via
Copy link