„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Прегазен старец во Нов Дојран од камион кој се движел во рикверц
Вчера во 13:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улица „Христијан Тодоровски Карпош“ во Нов Дојран, товарно моторно возило „форд“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(60) од Нов Дојран, движејќи се наназад, удрило во П.П.(88) од Гевгелија, соопштија денеска од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што бил пренесен во ЈЗУ Гевгелија каде починал.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.