fbpx

На „Чист понеделник“ во Струмица се јаде „бел фасуљ“

 На „Чист понеделник“ во Струмица се јаде „бел фасуљ“

-На чист понеделник, првиот ден од велигденските пости, се јаде бел посен грав. Зготвено во голем казан, осветено и во друштво со гостите и моите сограѓани, превкусно беше гравчето што го јадевме на градскиот плоштад, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Според Бранко Младенов, чиј ресторан го подготвува белиот грав, во големиот казан поставен на Градскиот плоштад се подготвија 350 килограми „бел фасуљ“ и се поделија 4.000 порции на граѓаните.

Share via
Copy link