„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Градоначалникот Костадинов на средба со земјоделците и откупувачите на зелка
-Со задоволство денеска бевме домаќини на тематската средба што ја организираше министерот за земјоделство Љупчо Николовски со земјоделците и откупувачите на зелка и директорите на државните институции од оваа област, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-На средбата се разговараше за пласманот на зелката по актуелните случувања со војната меѓу Русија и Украина. Се бара и Владата на Република Северна Македонија ќе најде решение.Голем број семејства од нашиот регион егзистираат од земјоделство, произведуваат храна. Заслужуваат сигурен пласман и добра цена за нивниот труд, напиша Костадинов.