fbpx

Се одржа јавна консултација за Стратегијата за локален економски развој 2022-2026 година

 Се одржа јавна консултација за Стратегијата за локален економски развој 2022-2026 година

Денеска во домот на АРМ се одржа јавна консултација за документот кој е од огромно значење за понатамошниот развој на општина Струмица, а тоа е Стратегијата за локален економски развој за периодот 2022 – 2026 година.

-Убеден сум дека сите ние сме согласни со тезата дека нема квалитетен и навремен прогрес во која било област од нашето живеење, и дека нема добра иднина без добра стратегија. Во нашиов случај, клучна е токму Стратегијата за локален економски развој од која зависи севкупниот развој на сите сегменти во општина Струмица. Во таа смисла, сигурен сум дека имаме одличен документ кој гарантира напредок по мерка на сите оние кои се дел од нашата заедница, рече градоначалникот Костадин Костадинов.

Share via
Copy link