Учениците од „Никола Карев“ ќе ги санираат оштетените 190 клупи за седење во Градскиот парк
Струмичките пожарникари вчера гаснеле три големи пожари на отворено

Вчера ТППЕ Струмица имаше три поголеми интервенции на отворен простор и тоа :
– во атарот на с.Колешино со 4 ПП возила и 14 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалена сува трева, грмушки и дрвја. Опожарена е површина од околу 3 хектари.

– во атарот на с.Едрениково со 2 ПП возила и 7 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалени млади борови садници и сува трева. Опожарена е површина од околу 2 хектари.
– во атарот на с.Мокрино со 1 ПП возило и 4 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалена сува трева и нискостеблеста шума. Опожарена е површина од околу 1 хектари.