Канидатот за градоначалник на Гевгелија од СДСМ, Миле Атанасов, најавува изградба на нов парк
Одржан првиот работен состанок за имплементација на проектот „Бе Ин“
Во рамките на проектот „Деловен екосистем како интегриран систем – Бе Ин“, финансиран од Европска Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – Р. Северна Македонија,на 22.03.2022 година, во Солун, Грција, се одржа првиот работен состанок на партнерите по проектот:
- Регион Централна Македонија, Грција,
- Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип, Република Северна Македонија
- Истражувачки институт на Универзитетот Македонија, Грција,
- Центар за развој на Југоисточниот плански регион, Република Северна Македонија.
На работниот состанок проектните партнери ги утврдија своите улоги, работни обврски и крајните цели од овој проект. Детално беа образложени активностите кои се предвидени, начинот на нивно имплементирање, одговорни партнери по активности, како и временската рамка потребна за да се реализираат истите.
Овој проект ќе овозможи креација на кохерентен, интегриран и иновативен бизнис еко-систем, поттикнување на бизнис идеи, како и унапредување, усовршување на индивидуи, мали и средни претпријатија и зголемување на нивниот капацитетсо цел да се намали јазот помеѓу понудата и побарувачката на пазарот во прекуграничниот регион.
Ваквата цел ќе се постигне преку претходно направени анализи, испитувања и анкети во прекуграничниот регион помеѓу Република С. Македонија и Грција, активности за спроведување на лични интервјуа со менаџери за човечки ресурси, експерти во областа на претприемништвото и иновациите, изготување на дигитални алатки, е-библиотека, дигитални и заеднички работилници, иновациски кампови, студиски патувања, форуми и самит на млади лидери и претприемачи, каде таргет групи се невработени лица со завршено високо образование, мали и средни претпријатија.
Вкупниот буџет на проектот изнесува 910.144,71 евро, а за реализација на активностите по овој проект за Центарот за развој на Југоисточниот плански регион е предвиден буџет во износ од 152.482,50 евра.
Целосната реализација на овој проект е предвидена да трае 18 месеци до 17.07.2023 година.