fbpx

Градоначалникот Костадинов во посета на СОУ„Никола Карев“

 Градоначалникот Костадинов во посета на СОУ„Никола Карев“

-Стручното образование е многу важна алка во локалниот економски развој.И како градоначалник и како општина го поддржуваме неговото унапредување во создавањето стручни кадри кои се барани на пазарот на трудот.Денеска го посетив средното општинско училиште „Никола Карев“ во чија програма се застапени повеќе струки, објави градоначалникот Костадинов.

– Посебно задоволство ми беше посетата на работилницата во којашто учениците од шумарско – дрвопреработувачката струка ја изведуваат практичната настава.Учениците од оваа струка, стекнатото знаење го претвораат во прекрасни дела изработени со многу љубов.Честитки за нив и голема поддршка за сите ученици, целиот персонал и директорот на училиштето во кое редовно се подобруваат условите за изведување на наставата и практичната работа, напиша Костадинов.

Share via
Copy link