fbpx

„Гимназијада“ оваа година ќе се одржи во Струмица

 „Гимназијада“ оваа година ќе се одржи во Струмица

-Ги поттикнуваме спортските квалитети, навики и натпреварувачки дух кај младите преку разни спортски натпревари и манифестации и затоа со задоволство ја прифативме понудата оваа година Струмица да биде домаќин на државната традиционална спортска манифестација „Гимназијада“, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Овој масовен спортски собир за учениците од средните училишта ќе се одржи на 5 и 6 мај со околу 600 учесници кои ќе се натпреваруваат во 5 спортски дисциплини и тоа фудбал, кошарка, одбојка, ракомет и футсал во машка и женска конкуренција.

-На денешниот состанок со претседателот на Федерацијата на училишен спорт Александар Туфекџијски и претставници на Општинскиот сојуз на училишен спорт ги договоривме деталите и ја потврдивме желбата да бидеме одлични домаќини на оваа прекрасна спортска манифестација, напиша Костадинов.

Share via
Copy link