fbpx

Општина Струмица ја одбележа 119-годишнината од убиството на Гоце Делчев

 Општина Струмица ја одбележа 119-годишнината од убиството на Гоце Делчев

-За жал, и по толку многу години од Гоцевата мисла: „Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите“, тој останува неразбран за оние кои упорно водат недостоен натпревар за кавга меѓу народите, рече градоначалникот Костадинов во обраќањето по повод 119-годишнината од убиството на Гоце Делчев.

-Делчев не може и не смее да биде „монета за поткусурување“. Тој, со своите социјалдемократски и визионерски погледи на светот, треба да биде урнек за многу регионални политичари кои се претставуваат себеси за напредни Европејци, а всушност се скарани и со векот во кој живееме и со европските принципи, подвлече струмичкиот градоначалник.

-Но, потребни се многу лопати за да се погребе вистината. Таа, кога тогаш, ќе излезе на површина. Дотогаш, ќе бидеме стрпливи, и ние и Делчев, истакна на крајот Костадинов.

Share via
Copy link