„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Промовирана монографијата „Мојот живот минато мило“ за животот и делото на борецот од НОБ, стогодишниот Јован Величковски
Вечерва во Струмица беше промовирана монографијата „Мојот живот минато мило“ за животот и делото на еден од живите борци од НОБ, стогодишниот Јован Величковски. Промоцијата се одржа во Градската уметничка галерија по повод 9 мај, Денот на победата против фашизмот и Денот на Европа.
Промотори на книгата беа директорката на Библиотеката „Благој Мучето“, Тања Гошева и новинарот Ристо Тасев, а автор на монографијата е Ванчо Тркалевски, внук на борецот и партизан, Јован Величковски.
-Поттик да ја напишам монографијата е животот и делото на мојот дедо се неговите кажувања, кои ги запишав и еве дочекав да бидат објавени. Ова е одговор на сите што не негираат како Македонци, бидејќи во книгата има документи и факти дека сето тоа не е вистина.Ние сме Македонци, имаме свој идентитет и зборуваме свој посебен јазик, рече авторот Тркалевски.
Дедо Јован и покрај своите полни сто години не ги криеше солзите кога се говореше за неговиот живот и дело, а во изјавата пред новинарите порача во државата сите да бидат сплотени.
-Младите генерации да бидат сплотени и обединети да одат напред, за прогрес на државата и животот во неа, оти ако ние не бевме сплотени во наше време немаше да ја имаме ни победата ни државата, порача борецот Јован.
На промоцијата присуствуваа граѓани, роднини, претставници на боречката организација од Струмица, како и поранешната потпретседателка на СДСМ и министерка, Фросина Ременски со сопругот Јовче.