„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Екипи на „Комуналец“ и ТППЕ Струмица ги санираат последиците од невремето
Невремето кое попладне го зафати Струмичко, проследено со силен ветер и град, предизвика поплавување на повеќе улици во долниот дел на градот, поплавени се подруми, урнати се дрвја, а во атарите на села во под планината Беласица градот предизвика оштетување на посевите на отворено, посебно на бостанот.
ОД ТППЕ Струмица информираа дека по големото невреме што ја зафати нашата општина, тие се на терен и во моментот со 3 екипи работат на испумпување на водата од поплавени простории на улиците „Р.Попчевски“, „Бетовенова“, „Младинска“, „К.Поцкова“, „П.Пешев“. Инфомираат дека екипите ќе останат на терен до конечното санирање.
Грдоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, објави:
-Екипи на ЈПКД Комуналец, СВР Струмица и противпожарната единица Струмица се на терен.Се работи на неколку локации во градот и превентивно низ населените места.Апелирам на смиреност кај граѓаните. Доколку кај било кој жител на Струмица има предизвикано поголема штета од невремето контактирајте ме мене или било која од општинските служби.Како човек ќе излезам во пресрет на сите, струмичани никогаш не се оставаат на цедило едни со други!, напиша Костадинов.