„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Полициски билтен:сообраќајка во Баница, агресивно однесување кон полицијаци, осуденик вратен на доиздржување на казна
На 31.05.2022 во 22.15 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат пред влез на село Баница, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило, кое го напуштило местото и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.А.(32) од село Баница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.А., а со телесни повреди се здобиле возачот и малолетниот сопатник, констатирани во Медицински центар Струмица . Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.05.2022 во 10.20 часот во Полициската станица Радовиш, Р.Ј.(70) од Радовиш пријавила дека од неговиот дом се оддалечил нејзиниот роднина Д.М.(53) од с.Конче, кој престојувал во Радовиш. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 31.05.2022 во 19.20 часот во с.Калуѓерица, радовишко, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода М.Е.(33) од село Калуѓерица затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 31.05.2022 во 15.45 часот во с.Ангелци, струмичко, полициски службеници од Полициската станица Струмица го лишиле од слобода Г.П.(25) од село Ангелци. Тој бил баран по потерница за доиздржување затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „одземање на моторно возило“. Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија за доиздржување на казната.