Костадинов: сите екипи се на терен, запрепастен сум од фејсбук хероите
-Сите екипи се на терен и Комуналец и ТППЕ Струмица и општинската администрација и советниците и излегуваме во пресрет.Јас сум толерантен и трпелив човек, но запрепастен сум од фејсбук хероите кои кројат дневно партиски ставови триејки раце од невремето, напиша струмичкиот градоначалник.
-Мене не ме интересира чиј подрум е поплавен, мене не ме интересира која партија се луѓето кои се поплавени, јас не се радувам со невремето, јас сум градоначалник и нивни, но и ваш кои се ситите на несреќата на луѓето.И вас ќе ве разберам и ќе ви простам ама нека ви е срам и арам за се што правите.Заедно со мојот тим како и сите други проблеми, во сите овие кризи излегуваме и ќе излегуваме во пресрет на сите и на неопределените и на партиски определените.Прости ми Струмицо што два дена едно по друго не зафати невреме…, објави вечерва градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на својот фејсбук профил.