Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Прскање против комарци во Југоистокот ќе започне на 14 јуни
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува граѓаните од Југоисточниот регион дека тендерската постапка за избирање економски оператор кој ќе изврши прскање против комарци на територијата на Југоисточниот плански регион е веќе завршена и прскањето ќе започне на 14 овој месец.
Воедно, се известуваат граѓаните дека поради техничките проблеми и нефункционирањето на системот за јавни набавки дојде до непланирано продолжување на тендерската постапка и поради тоа прскањето против комарци на територијата на Југоисточниот плански регион не можеше да биде започнато во планираниот временски период.