Се санираат штетите од вчерашното невреме во селото Дрвош

По поројниот дожд од вчера, денеска интензивно се работи на санација на штетите на улиците во Дрвош и поправка на водоводната и електричната мрежа во населените места, објави градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев.

Според него, од вчерашното невреме има штети и на водоводната мрежа во село Моноспитово.