КОНКУРС ЗА ПОЕЗИЈА ЗА 15. ИЗДАНИЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „100 ИЛЈАДИ ПОЕТИ ЗА ПРОМЕНА“ 2025 ГОДИНА
Прием кај градоначалникот Костадинов за учениците кои освоија многу признанија на Гастро фестивал „Ниш 2022“
Градоначалникот Костадин Костадинов денеска организираше прием за членовите на екипата од паралелката за угостителство и туризам во СОУ „Димитар Влахов“ од Струмица која на меѓународниот гастро фестивал „Ниш 2022“ во Србија освоија 16 медали и 5 пехари во повеќе категории.
На приемот разговараа за содржините на натпреварот, за стекнатото искуство, но и за силната конкуренција од 300 учесници од 9 држави.
Градоначалникот Костадинов посебно ја нагласи својата гордост што овие високи меѓународни награди се освоени од првата генерација ученици во паралелката за угостителство и туризам во СОУ „Димитар Влахов“, што значи стручното образование, за кое тој е голем поддржувач, ќе даде силен влог во локалниот економски развој.