fbpx

Проектот „Граѓанско сојузништво за репортери без граници“ презентиран пред граѓански организации

 Проектот „Граѓанско сојузништво за репортери без граници“ презентиран пред граѓански организации

Центарот за истражување и анализи „НОВУС“ во партнерство со Здружението за медиумска писменост „Медија Флеш“ ги презнетираше наодите од истражувањето колку репортерите од Југоистокот слободно известуваат и колку им веруваат и пред претставници на  граѓанските организации од Струмичкиот регион, каде се одвиваше и самото истражување.

На средбата се разговараше како граѓанските организации да комуницираат со јавноста, како да остварат заедничка соработка со новинарите, како да се справуваат со медиумските манипулации,  а се запознаа со основните принципи на проверените вести и информации.

Проектот „Граѓанско сојузништво за репортери без граници“ е поддржан во рамките на Програмата за поддршка safejournalists.net, финансиран од страна на Европската унија.

Share via
Copy link