„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Шапов: Пожарот кај Ѓавато е изгаснат и нема нови жаришта
Пожарот што избувна вчера (24.07.2022 год.) околу 13:30 часот во атарот на село Ѓавато е успешно изгаснат, односно под контрола и нема нови жаришта, објави градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов.
-Екипите се сеуште на терен и будно ја пратат состојбата.Пожарот беше со висок ризик и со големи размери, но со залагање на сите присутни, со брза реакција и повеќе часовна борба со огнената стихија се успеа да се локализира и да се заштитат имотите на жителите на село Ѓавато.Упатувам голема благодарност до Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи, ШС „Кожув“, Градоначалниците и Против пожарните единици на општините: Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Дојран, Валандово и Неготино, за нивното залагање, голема поддршка и несебична помош при гаснењето на пожарот.Исто така голема благодарност и до жителите на село Ѓавото, вработените во ЈП „Комунална чистота“ Богданци и вработените во општина Богданци.Општина Богданци и граѓаните на општината Ви се благодарни за стореното.Ја користам приликата да упатам апел сите ние да внимаваме, да се однесуваме одговорно и да направиме се што е во наша можност за да се заштитиме од појава на пожари, напиша Шапов.