Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Jавен повик за учество на обука „Јас сум потрошувач и одлучувам за моите права“
Здружението за медиумска писменост „Медија Флеш“ во рамки на проектот „Јас сум потрошувач и одлучувам за моите пари“, поддржан од Општина Струмица ќе организира обука за 20 граѓани на општина Струмица кои ќе се запознаат со нивните права како потрошувачи, како да развијат свест, вештини, знаења и да имаат информации за производите што ги купуваат, кои механизми и алатки им стојат на располагање за да се заштитат од лоши производи, нереални цени или да извршат промена на неисправниот, односно расипаниот производ и да се воспостави квалитетен систем на заедничка соработка меѓу граѓанскиот сектор, институциите и граѓаните како потрошувачи.
Иако има рамка за потрошувачите во форма на Закон за заштита на потрошувачи, сепак се уште е голем бројот на граѓаните кои не ги знаат своите права како потрошувачи, но сепак уште позагрижувачки е бројот на оние кои не знаат каде да се обратат во случај нивното право како потрошувачи да биде повредено. Ова прашање и проблем е посебно изразено во помалите локални средини и потребата од едукација на граѓаните-потрошувачи е неминовна, со цел тие да се заштитат од лоши производи, нереални цени или да извршат промена на неисправниот, односно расипаниот производ. Исто така во време на дигитална ера и онлајн продажба, граѓаните мора да ги знаат своите права како онлајн потрошувачи. Има повеќе случаи каде граѓаните се изманипулирани, односно нарачуваат еден производ, а добиваат друг производ или пак оштетен производ.
Јавниот повик за учество на обуката ќе биде отворен 10 дена и на него може да аплицира секој граѓанин на општина Струмица преку пополнување на следниот формулар:
Рокот за аплицирање е до 4 август [четврток] 2022 година.
За сите дополнителни прашања, може да се обратете на: mfstrumica@gmail.com