fbpx

Костадинов:ги прошируваме полските патишта за нови 1.850 метри

 Костадинов:ги прошируваме полските патишта за нови 1.850 метри

-Го слушаме гласот на народот и ги задоволуваме нивните потреби.Нашите вредни земјоделци бараа полски патишта за полесен пристап до обработливите површини. Барањето е исполнето.Досега изведените 6 километри полски патишта во неколку населени места, ги прошируваме за нови 1.850 метри од населбата Софилар до селото Ангелци, место викано Кумиште, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Договорот за изведба на овој полски пат денеска го потпишав со минстерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во домот на АРМ во Струмица.Аирлија нека ни е Договорот и побрзо да си го реализираме проектот, да си ги слушаме и гледаме граѓаните и да носиме само прогрес во нашата Струмица. Полските патишта се од голема важност за населените места во струмичкиот кој е голем и познат земјоделски регион, бидејќи им овозможуваат на земјоделците полесно и побрзо да стигнат до своите обработливи површини, а секако овозможуваат и подобар транспорт на производството, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link