fbpx

Полициски билтен:пожар во граничниот појас со Бугарија, физички напад во Мокриево

 Полициски билтен:пожар во граничниот појас со Бугарија, физички напад во Мокриево

На 03.08.2022 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на место викано „Црвен брег“ помеѓу село Старо Коњарево, струмичко и граничен појас со Република Бугарија настанал пожар во стар помошен објект сопственост на С.С. од село Старо Коњарево, како и насади со овошки и сува трева.

По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

На 03.08.2022 во 21.30 часот во Полициското одделение Ново Село, Т.З.(42) од село Мокриево, струмичко, пријавил дека околу 21.00 часот во село Мокриево бил физички нападнат од Д.И. од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link