„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
На улицата „Васил Главинов“ се поставува улично осветлување во должина од 740 метри
-Во Струмица и ноќта треба да биде како ден.Поставуваме улично осветлување на улицата „Васил Главинов“ во должина од 740 метри, објави градоначалникот Костадин Костадинов.
-Овој простор ќе биде осветлен со вкупно 29 нови ЛЕД светилки за урбано и амбиентално осветлување.За овој зафат издвоивме 4,5 милиони денари од општинскиот буџет.Струмица се сака со дела, а за нив се работи од срце, напиша струмичкиот градоначалник.