fbpx

СОФ:целовечерен концерт “Ај да беше стрела песната” во чест на Гоце Арнаудов

 СОФ:целовечерен концерт “Ај да беше стрела песната” во чест на  Гоце Арнаудов

-Ви го најавуваме вечерашниот целовечерен концерт “Ај да беше стрела песната” во чест на музичката легенда  Гоце Арнаудов.Вечерва, 21:00 часот – парк/Езерце во пресрет на неговиот роденден – 18-ти август, 15 негови колеги, пејачи и инструмемталисти, ќе му оддадат почит и ќе настапат со по неколку негови песни, информираа од тимот на Струмица опен фестивал.

Учесници на концертот се:Борис Димов, Живко Динев,Томе Лазаров, Милован Секуловски, Јордан Митев и Оркестарот на Благоја Маротов.

“Кога човекот е жив му заблагодаруваме, кога не е меѓу нас, го славиме неговото дело. Една од највпечатливите фигури на македонската естрада. Неговата големина и оригиналност, Гоце Арнаудов. Човекот кој “измисли” нов правец во македонската новокомпомирана народна музика“, напишаа од СОФ.

Share via
Copy link