„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Се одржа големата „Get EXITed“ забава во Струмица
Големиот Get EXITed настан кој синоќа се одржа пред повеќе од 20.000 луѓе во Градскиот парк во Струмица, во организација на „ЕГЗИТ“ тимот, со маратонска музичка програма во траење од повеќе од 10 часа, ги надмина сите очекувања на бројната публика. Со феноменалната атмосфера и енергија, покрај извонредната посетеност која го надмина капацитетот на просторот во кој се одржуваше настанот, оваа забава им парираше на најголемите настани во Македонија и ги најави размерите на новиот Егзитов фестивал чие започнување е планирано за следната година.
Со своите фантастични настапи домашната, но и публиката од Бугарија, Грција и Србија, ја воодушевија водечките имиња од светската и регионалната музичка сцена – славната италијанска техно ѕвезда Дебора Де Лука, глобалниот хитмејкер, продуцент и диџеј Махмут Орхан, неприкосновената балканска трап кралица Сенида, еден од најпознатите регионални диџеи Кристијан Молнар, како и изведувачите од домашната музичка сцена Дина Јашари и Другари, 21 Век и диџеите Гоце САФ и Чваре (Фанки Фреш).
Големата Get EXITed журка ја посети и градоначалникот на Струмица Коста Костадинов, кој го потенцираше значењето на овој настан во овој момент
-Струмица вечерва слави, пред големиот празник 8 септември, ни се случува прекрасен и спектакуларен настан за каков што досега само сонувавме. Вечерва во Струмица се случува Get EXITed и не треба да се трошат зборови за да се сфати вистинското значење на овој музички настан“ – рече Костадинов.
Основачот и директор на „Егзит“ Душан Ковачевиќ изрази големо задоволство по повод настанот во Струмица и објасни дека Get EXITed е вовед за фестивалот кој ќе се одржи во 2023 година – „ЕГЗИТ фестивалското семејство во моментов е една од најбрзорастечките фестивалски групации на светот со 12 фестивали во седум држави.
-Сигурни сме дека сите предуслови се тука за и Македонија да добие еден голем фестивал каков што заслужува. Од 20-годишното работно искуство со ЕГЗИТ, гледам дека тука е присутна енергијата која е потребна за да се случи еден таков фестивал“ – проценува Ковачевиќ.
Дел од Get EXITed музичкиот спектакл беше и своевидната винско-гастрономска програма која ги претстави најдобрите винарии и локални произведувачи на традиционалните специјалитети од македонската кујна.