fbpx

Костадинов:Нека ти е среќен 31 роденден независна Татковино моја!

 Костадинов:Нека ти е среќен 31 роденден независна Татковино моја!

-Нека ни е честит и за многу години Денот на независнота!Сплотени и обединети да го празнуваме и да ги славиме сите придобивки од изминатите 31 години самостојност на нашата држава, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Татковината се сака и почитува секој ден. Со вредно и чесно работење, со дела создавани од срце и со многу труд. Такви дела нека ја красат оваа наша убава дражава, а нашите срца нека бидат полни со љубов кон неа.Да бидеме горди на нашето, да си го сакаме и цениме, да ја освојуваме иднината со градење на сегашноста.Нека ни е честит 8 Септември – нека ни е вековита Република Северна Македонија, напиша Костадинов на денешното одбележување на Денот на независноста пред споменикот на Гоце Делчев во Струмица.

Share via
Copy link