fbpx

Костадинов ги поздрави учесниците на Меѓународниот турнир во кошарка за ветерани

 Костадинов ги поздрави учесниците на Меѓународниот турнир во кошарка за ветерани

-Пријателството и спортувањето не знаат за граници. Тоа денес на дело го покажаа кошаркарските ветерани од нашата Струмица, кои како организатори и учесници, заедно со ветераните од Волос – Грција, Варна – Бугарија и Лесковац – Србија, како и гостите од Штип, Битола, Велес и Кавадарци, се дел од Меѓународниот турнир во кошарка за ветерани, што се одржува во спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Имав прекрасна можност да ги поздравам организаторите и учесниците на турнирот, посакувајќи им успех во натпреварите и во негувањето на пријателството, со желба овој Меѓународен турнир да прерасне во традиционален. Притоа ветив дека Општина Струмица и јас како градоначалник ќе бидеме поддржувачи на таквата заедничка желба. Зошто? Затоа што спортска Струмица тоа го заслужува, напиша Костадинов.

Share via
Copy link