Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Кривична за жител на Гевгелија за силување
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.П.(24) од Гевгелија заради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“, соопштија денеска од СВР Струмица.
Пред два дена во викенд куќа во гевгелиско село, пријавениот физички нападнал 24-годишна девојка од Гевгелија, по што со закана со остар предмет извршил обљуба врз неа.
Во текот на денот тој ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.