„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Видео Костадинов:Почна изградбата на Младинскиот центар во Струмица
-Наместо службено возило за мене, младите ќе добијат нов мултифункционален простор за нивните потреби!Така работиме во Струмица.Ветено – сторено.Струмица ќе има Младински центар. Модерен и направен по современи стандарди, како што им доликува на младите во Струмица и на нивната прогресивна и европска визија, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-Ќе биде сместен во сутеренот на општинската зграда, кој со години беше неискористен, а сега во него се вршат повеќе градежни активности.Младинскиот центар беше мој предизборен проект со кој се зафатив уште во првата година од мојот мандат со откажувањето и продажбата на службениот автомобил што ме следуваше и го реализираме со средства од општинскиот буџет во износ од 7.200.000 денари. Овој Центар ќе биде собиралиште на младите од Општината во кој ќе се реализирааат малдински и културни настани и работилници, но ќе биде и место на идеи за големи проекти со кои ќе се гордееме сите.Од срце за младите на Струмица правиме, напиша струмичкиот градоначалник.