fbpx

Агрон Руфати и Марио Врдољак се првите засилувања за Академија Пандев

 Агрон Руфати и Марио Врдољак се првите засилувања за Академија Пандев

Aгрон Руфати и Марио Врдољак се првите засилувања во зимскиот преоден рок за Академија Пандев.

Агрон Руфати има 23 години и е поранешен младински репрезентативец на Македонија и игра на позицијата централен дефанзивец. Доаѓа како слободен играч, а последен клуб за кој настапувал е Академија Клинчени (Романија). Во својата кариера има настапувано и за екипите на Зорја (Украина) и Истра (Хрватска).

Марио Врдољак е искусен 29-годишен играч за врска. Хрватскиот интернационалец доаѓа како слободен играч, а последно има настапувано заедно со Руфати во Академија Клинчени. Во својата интернационална кариера настапувал за повеќе клубови меѓу кои италијанските клубови Гросето, Бисчеглие, Пичерно, босански Олимпик Сараево.

Share via
Copy link