„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Откриени крадец и негов јатак од Радовиш
Вчера во 11:45 часот на магистрален пат Штип-Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи од Радовиш го лишиле од слобода М.Ј.(19) од Штип. Тој се сомничи дека во текот на 2022 година извршил повеќе кривични дела тешки кражби и кражби на подрачје на Радовиш, соопштија денеска од СВР Струмица.
Истиот ден во 13:50 часот во Радовиш, полициски службеници го лишиле од слобода и Ч.Ш.(21) од Радовиш, кој се сомничи дека му помагал на М.Ј. во вршење на делата, прикривајќи ги предметите кои М.Ј. ги одземал при вршење на делата.
Со двајцата биле извршени службени разговори во полициска станица, а биле пронајдени и предметите кои биле одземени и ќе бидат вратени на сопствениците.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.