fbpx

Пратеничката Спасова со канцеларија во Струмица за средби со граѓаните

 Пратеничката Спасова со канцеларија во Струмица за средби со граѓаните

-Почитувани,Во предизборието се договоривме и си ветивме дека како Ваш пратеник секогаш ќе бидам достапна за разговор и средба со сите заинтересирани лица и здруженија, со цел нови предлози за законски измени, иницијативи, јавни расправи и решавање на разни останати локални и индивидуални проблеми, објави пратеничката Љубица Спасова.

– За таа цел отворивме канцеларија на ВАШ ПРАТЕНИК во која секој од Вас, може да закаже состанок за средба на која ќе продискутираме за Вашиот предлог, предизвик или проблем и начинот за негово надминување. Продолжуваме заеднички, работејќи секогаш транспарентно и отчетно!,напиша Спасова.

Место: Струмица, Дом на АРМ, втори спрат – канцеларија бр : 3, 09 – 14 часот, секој работен ден. Контакт тел. 078-389/920 лице за контакт: Илина Врешкова

Share via
Copy link