„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Крадец од Струмица на пленот се радувал само 40 минути
Вчера во 15:40 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Ѓ.А.(38) од Струмица, соопштија денеска од СВР Струмица.
Тој се сомничи дека околу 15:00 часот одзел паричник, во кој имало пари и други лични предмети, од женска чанта во козметичко студио во Струмица.
Кај него биле пронајдени парите и предметите, кои биле вратени на оштетената. Ѓ.А. бил задржан во Полициска станица Струмица, за случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица и по негово целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.