„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Отворена фитнес зона во Градскиот парк во Струмица
Денеска градоначалникот на Струмица,Костадин Костадинов и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, ја предадоа во употреба новата фитнес зона во Градскиот парк, финансирана од Агенцијата.
Директорот Мојсовски истакна дека фитнес зоната во Струмица е петта која се отвора во државата од вкупно 15, а најави дека наскоро треба да почне и изградбата на затворениот базен во Струмица.
Геадоначалникот Костадинов во изјавата за медиумите подвлече дека со изградбата на фитнес зоната се заокружува спортската инфраструктура во овој дел на градот и дека е почната изградбата на скејт паркот кој е веднаш до фитнес зоната.
Фитнес зоната располага со осум, исклучително современи и професионални справи за вежбање, наменети за граѓани над 12 годишна возраст, како и информативни табли за начинот на вежбање за развивање на одредени делови од телото. Покрај тоа, зоната располага и со нова урбана опрема која опфаќа клупи за одмор и корпи за смет.
На отворањето на фитнес зоната присуствуваа и советникот на премиерот, Ѓорги Тасев, членови на Советот на Општината и граѓани.