„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Струмица Никоб го освои по деветти пат македонскиот одбојкарски куп
Одбојкарите на Струмица Никоб се победници на македонскиот одбојкарски куп. Тие денеска во финалето на завршниот турнир, кој се одржува во Радовиш во Салата „25-ти мај“, ја совладаа екипата на ГОК „Борец“ со 3:0 (27:7, 25:23, 25:18).
Ова е деветта куп титула за струмичани, а шеста по ред, односно во клупските витрини го запишаа 18-от пехар.
Фото: Одбојкарска федерација на Македонија