Македонските олимпијци под „научен скенер“ за Лос Анџелес 2028
Три лица повредени во сообраќајна несреќа кај Владевци
Денеска оклу 15 часот на патот Струмица-Радовиш, кај селото Владевци, се случи сообраќајна несреќа, во која се повредени три лица.
Според информациите од портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во несреќата учествувал автомобил марка „BMW“ со струмички регистарски ознаки, кој најверојатно излетал од коловозот.
Повредени се возачот и двајца сопатници, кои се пренесени на укажување помош во струмичката болница.
Како што соопштија од АМСМ, заради увид на полицијата и расчистување на сообраќајката, сообраќајот беше во прекин, а од 16 часот се одвива наизменично.