fbpx

Романската амбасадорка во посета на Струмица

 Романската амбасадорка во посета на Струмица

Денес, на мое огромно задоволство, во улога на домаќин, остварив средба со Нејзината Екселенција Адела Моника Аксинте, амбасадорка на Романија во нашава земја,објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Низ разговор на повеќе актуелни теми, средбата помина во мошне пријатна и пријателска атмосфера, а меѓу другото, имав чест да ја запознаам амбасадорката со карактеристиките и потенцијалите на општина Струмица, како и за ангажманите што ги преземаме за нејзин континуиран развој.И двајцата се согласивме дека треба да работиме на негување и унапредување на односите меѓу нашите две земји, со посебен акцент на односите меѓу Амбасадата на Република Романија и Општина Струмица, напиша Костадинов.

Share via
Copy link