„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
РАСТ НА КОМПАНИЈАТА ГАЛЕНИКА И ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА БИЗНИСОТ
Комерцијална ПР објава
Откако стана дел од бразилската NC Групација, Галеника забележа значителен деловен раст и меѓународна експанзија. Во периодот од 2018 до крајот на 2022 година, Галеника го удвои обемот на продажба и извоз, го зголеми производството за 22%, го прошири портфолиото и регистрира дури 146 производи. Со поддршка на NC Групацијата, во чиј состав работи, и во партнерство со ЕМС, најголемата фармацевтска компанија во Бразил, Галеника реализира трансфер на технологија за пет генерички лекови од најновата генерација. Во наредниот период во Србија се планирани инвестиции во вредност од 35 милиони евра.
Компанијата, во 2022 година постигна забележителни резултати во споредба со 2021 година. Извозот во Македонија е зголемен за 20%, вкупниот извоз на сите регионални пазари каде Галеника работи за 26%, додека извозот на меѓународните пазари е зголемен за 35%. За истиот период, растот на производството се зголеми за 6%, додека во 2022 година на српскиот, регионалниот и меѓународните пазари беа лансирани вкупно 95 производи, со што компанијата дополнително ја зголеми достапноста на квалитетни, ефикасни и модерни производи за корисниците. По отворањето на првото претставништво во Европската Унија, во Унгарија, Галеника во 2022 година отвори претставништва во Словенија и Хрватска. Извезува на регионалните пазари, како и на 15 меѓународни пазари во Европската Унија, Блискиот Исток и Африка.
„Постигнуваме постојан раст на српскиот пазар и во регионот. Откако работи во рамките на NC Групацијата, компанијата го удвои нивото на продажба и извоз и постигна голем успех во интернационализацијата преку забележително присуство на меѓународните пазари, благодарение на високиот квалитет на своите производи. Во 2023 година планираме лансирање на првите производи на пазарите во Словенија и Хрватска, како и натамошно проширување на меѓународните пазари. Она што е особено значајно е што во следните две години, во партнерство со нашата сестринска компанија од Бразил – ЕМС, планираме да инвестираме 35 милиони евра. Инвестициите се насочени кон натамошен развој во технологијата, производствените и магацинските капацитети, сето тоа во согласност со деловните планови. Дополнително, со инвестирање во понатамошната дигитализација на бизнисот, планираме да постигнеме уште поголем степен на деловна ефикасност“, изјави Ненад Буразор, менаџер за продажба во компанијата Галеника.
Како дел од дигиталната трансформација, Галеника го воведе најнапредниот софтвер за планирање кој овозможува зголемена ефикасност во управувањето со материјалите, планирањето на производството и деловна флексибилност во синџирот на снабдување, што е од големо значење во овие глобални околности.
На полето на иновациите и образованието, во текот на 2022 година, компанијата спроведе обука за 8.000 фармацевти во Србија преку сопствената програма „Галеника академија“, ја разви едукативната онлајн апликација „Галиврс“ („Galiverse“) за комуникација со фармацевтите и го лансираше Галеника медикал журнал (Galenika Medical Journal) – првото стручно квартално списание на мајчин јазик за докторите во Србија. Во 2023 година се планира проширување на програмата „Галеника академија“ за фармацевтите и лансирање на списанието Галеника медикал журнал за докторите во регионот, како и за во Македонија, на нивниот мајчин јазик.
Поддршката за заедницата и грижата за животната средина остануваат високо на приоритетната листа, додека компанијата ги проширува своите општествено одговорни проекти и иницијативи во земјите од регионот каде што работи од оваа година.
На патот кон одржливиот бизнис, Галеника започна низа проекти кои влијаат на намалување на потрошувачката на природни ресурси. Во 2022 година е постигнато намалување на отпадот за 38%, во споредба со 2021 година, а постигнато е намалување на емисиите на CO2 за 25%. Компанијата е носител на сертификатот ISO 14001:2015 со кој се потврдува усогласеноста со највисоките стандарди во областа на заштитата на животната средина.
***
Фармацевтската компанија „Галеника“ е основана во 1945 година. Кон крајот на 2017 година, стана дел од NC Групацијата (www.gruponc.net.br), која ја вклучува EMS-најголемата фармацевтска компанија во Бразил и една од најголемите фармацевтски компании во цела Латинска Америка. Стратегијата на Групацијата е развој на Галеника како модерна и флексибилна компанија, насочена кон истражување и развој, која постојано работи на подобрување на своите производи за подобрување на здравјето и квалитетот на животот, на задоволство на корисниците.