Полициски билтен:жител на Ињево украл цигари и пари, се запалил трактор во Радовиш
Струмичанец потешко повреден во сообраќајка кај Костурино
Синоќа во 19:40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Валандово-Струмица, во близина на село Костурино, патничко моторно возило “пежо 508“, со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Р.(56) од Струмица, излетало надвор од коловозот, информираа од МВР.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
Бил извршен увид од увидна екипа од СВР Струмица.