КОНКУРС ЗА ПОЕЗИЈА ЗА 15. ИЗДАНИЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „100 ИЛЈАДИ ПОЕТИ ЗА ПРОМЕНА“ 2025 ГОДИНА
Во автомобил со струмички регистарски таблички пронајдени 11 мигранти
Вчера во 20:20 часот на автопатот А1, кај клучка Миравци, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ дале знак за запирање на патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, но возилото не застанало. Набргу, возилото било запрено и во него биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија и едно лице мигрант од Ирак, кои биле сместени во прифатно-транзитен центар.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: архива