„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Фолк фест „Валандово“ на 28 мај
Денеска во се одржа прес конференција по повод претстојното 36 издание на Фолк фест „Валандово“.
Фестивалот годинава ќе се одржи на 28 мај (недела), со една натпреварувачка вечер, на која ќе бидат изведени 20 новосоздадени фолк композиции, кои денес беа распоредени преку жребување.
На 26 и 27 мај, на градскиот плоштад во Валандово ќе се одржат две предфестивалски вечери на кои ќе настапат реномирани изведувачи од македонската и балканската музичка сцена.
-Фолк фест одигра историска улога во создавањето и зајакнувањето на нашиот идентитет. Преку истиот создаваме нова вредност и ја продолжуваме традицијата, која за нас, како валандовчани, е особено важна, рече на прес конференцијата градоначалникот Перо Костадинов.
Влезници за фестивалот можат да се набават во Домот на култура „25 Мај“ во Валандово.