fbpx

Малолетен пешак потешко повреден во Радовиш

 Малолетен пешак потешко повреден во Радовиш

Вчера во 14 часот на ул. „Калузлиска“ во Радовиш, патничко моторно возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(20) од Радовиш удрило во малолетен пешак од Радовиш, по што возачот со возилото напуштил местото, но бил пронајден од полициски службеници, соопштија денеска од МВР.

Пешакот е пренесен во Здравствен дом Радовиш каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.

Share via
Copy link