fbpx

Сообраќајка на патот Струмица-ГП Ново Село, нема загинати и повредени

Заради сообраќајна незгода од 18:30 часот во прекин е сообраќајот во двата правци на патот Струмица-Граничен премин Ново Село, информираа од АМСМ.

Според информациите од полицијата, во 18:20 часот било пријавено дека на овој патен правец, пред влезот во Ново Село од правец на Струмица, се случила сообраќајна незгода, во која учествувале две патнички возила. Причинета е само материјална штета, а загинати и повредени нема.

На местото на незгодата полицијата врши увид.

Фото: архива

Share via
Copy link