Jугоисточниот плански регион кон енергетска независност со нови фотонапонски централи
Отворен Скејт парк во Струмица
Вечерва градоначалникот Костадин Костадинов присуствуваше на отворањето на првиот „Скејт парк“ во Струмица, сместен во спортско – рекреативниот дел од градскиот парк.
Скејт паркот, кој беше изграден во предвидениот рок од шест месеци, опфаќа површина од 625 метри квадратни, а за негова комплетна реализација беа потрошени 6.200.000 денари, целосно обезбедени од буџетот на општина Струмица.
Изведувач на работите беше градежната компанија „Планиметрика“ од Струмица.
Во својата изјава за медиумите, градоначалникот Костадинов го сподели своето задоволство од финалниот изглед на проектот, истакнувајќи дека младите струмичани добиваат функционално катче кое нуди совршена комбинација од спорт, рекреација, хоби, разонода, развивање вештини и натпреварувачки дух, но и можност за убаво дружење.
Скејт паркот, според градоначалникот, претставува добра можност за отргнување на младите од секојдневното дружење со електронските уреди, но и од пороците на новото време.