„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Костурино го одбележа Петровден со турнир во пеливанско борење
-Кога и високите горештини не се пречка да се остане верен на традицијата, тогаш Костурино и неговите граѓани ги заслужуваат сите мои честитки, напиша градоначалникот Костадин Костадинов, честитајќи им го празникот Петровден на жителите на село Костурино.
-Денешниот празник Петровден повторно е во знакот на традиционалниот турнир во пеливанско борење, кој секоја година на денешен ден се одржува во ова струмичко населено место. Поранешните генерации оставиле зад себе една прекрасна долгогодишна традиција, а сегашните генерации, со љубов кон „ѓурешот“ и кон своето Костурино, со успех ја продолжуваат таа традиција.
Нека им е честит празникот и турнирот на граѓаните од Костурино. Нека им е за многу години Петровден на сите граѓани кои го слават овој убав празник, објави струмичкиот градоначалник.