Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Полициски билтен:приведени повеќе лица во Струмица,контроли на мотоциклистите
На 12.07.2023 во 14.20 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода А.А.(44) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана.При претресот, А.А. со лицата Ѓ.А. и М.А. агресивно се однесувале кон полициски службеници при вршење службени дејствија. А.А. бил задржан во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 12.07.2023 во периодот од 15.00 до 23.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола над возачи кои управуваат мотоцикли. При контролата биле констатирани 26 прекршоци, од кои 12 на подрачје на Струмица, 8 на подрачје на Радовиш и 6 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.