fbpx

Во сообраќајка во Радовиш повреден мотоциклист и сопатничка

Вчера во 18:30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на крстосницата од улиците „8 Септември“ и „Илинденска“ во Радовиш се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел мерива“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Р.А.(38) од Радовиш и мотоцикл со радовишки регистарски ознаки, управуван од Ј.Ч.(49) од Радовиш, соопштија денеска од СВР Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, а со телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот Д.Ч., констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото на несреќата извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и екипи на СВР Струмица и ОВР Радовиш.

Share via
Copy link