„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Протест во Струмица против отворање на рудникот Иловица-Штука
Активисти и граѓани денеска со блокада на крстосницата кај ТЦ „Глобал“ во Струмица го искажаа своето незадолство од спојувањето на концесиите за отворање рудник на локалитети во општините Босилово и Ново Село.
Протестот се одржа под мотото „Заедно против рудникот“, а го организираше Здружението „Здрава котлина“ заедно со со други граѓански организации од регионот.
Пред присутните се обратија повеќе говорници, кои побараа раскинување на договорите за концесија и утврдување одговорност за сите кои учествувале во донесувањето на одлуките за можноста за отворање рудник.
Тие сметат дека одлуките за спојување на концесиите се донесени без никаква правна основа и дека тоа е голема манипулација.
-Тука сме собрани луѓе со чисти срца од сите политички партии, вера и пол и тоа не е обичен протест, туку ова е бунт и борба за живот наспроти бавната и сигурна смрт која тие ни ја нудат со отворање на рудникот, рече Оливера Аризанова Мансбарт.
На протестот присустуваа министерките Јована Тренчевска и Каја Шукова, пратеници од регионот, градоначалници, членови на Совети и Владиката Јаков од Струмичката епархија на МПЦ-ОА.