fbpx

Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Илинден

 Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Илинден

Почитувани граѓани,

120 години од Илинденското востание и првата Република на Балканот. 79 години од Првото заседание на АСНОМ.Уште којзнае колку години претходно сонување и стремеж кон востаничка епопеја и државотворен чин.

Два Илиндена – две огромни причини да бидеме среќни и неизмерно горди, но и исполнети со почит кон сите родољупци кои биле дел од настаните на 2 Август 1903 и 2 Август 1944 година.Нека ни честит Денот на Републиката.

Нека ни се вековити Двата Илиндена.

Share via
Copy link